Навални: Ми се закануваат уште 15 години затвор, можеби Путин потајно ме обожава

Од:

Рускиот опозиционер Алексеј Навални изјави дека против него е покренато ново обвинение и дека му се закануваат дополнителни 15 години затвор.

„Што знам? Можеби Путин не ме мрази, можеби потајно ме обожава. Затоа сака да бидам скриен во подземен бункер и да ме чуваат доверливи луѓе, исто како него“, напиша Навални на Твитер.

Тој прашува „како поинаку да се објасни фактот дека не поминаа ниту осум дена од правосилноста на деветгодишната затворска казна, а веќе е покренато ново обвинение“.

„Излегува дека сум организирал екстремистичка група за поттикнување омраза кон функционерите и олигарсите. А, кога ме ставија во затвор, се осмелив да бидам незадоволен поради тоа, баш сум глупав и ги повикав граѓаните на протести. Можев да добијам уште 15 години затвор“, напиша Навални.

Според него, „тоа се уште 15 години во безбеден и стабилен бункер каде што ќе биде заштитен од изненадувањата и тешкотиите на слободниот живот во Русија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен