Навални: Ме обвинија за тероризам, ме чекаат уште 30 години затвор

Од:

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека е под истрага за обвиненија за тероризам што наводно ги извршил од затвор. Врз основа на тие обвиненија, тој може да биде осуден на дополнителни 30 години затвор. Деталите за обвинението за тероризам не се познати, а неговото сослушување пред рускиот окружен суд започна денеска.

Критичарот на Кремљ веќе одлежува 11 и пол години затвор под обвинение за измама и непочитување на судот. Во коментарите објавени на Твитер од неговите помошници, тој ги нарече последните обвинувања „апсурдни“.

„Тие изнесоа апсурдни обвинувања кои ми се закануваат со 30 години затвор… дека јас додека сум во затвор извршувам терористички дејствија“, рече Навални.

Критичарот на Путин моментално е во силно обезбедуваната казнена колонија ИК-6 во Мелехов, на околу 300 километри источно од Москва. Руските истражители потврдија дека 11 лица се исто така подложени на „меѓународна потерница“ во врска со случајот Навални.

Навални вратен во самица дополнителни 15 дена

Алексеј Навални е вратен во самица, потврди неговата портпаролка. Навални, кој се соочува со обвиненија за тероризам, учествуваше на денешното рочиште во рускиот окружен суд преку телевизиска врска. Портпаролката Кира Јармиш објави дека критичарот на Путин е вратен во самица уште 15 дена.

Би можело да ве интересира

Американците санкционираа четири лица осомничени дека го труеле Навални

Навални: Путин не смее да ја постигне целта, не ја губете волјата за отпор

Алексеј Навални: Очекувам „сталинистичка“ казна од 18 години затвор

Горан Наумовски

Русија: Државниот обвинител бара 20 години затвор за Навални

Горан Наумовски

Руски Врховен суд: Навални во затвор нема право на пенкало и хартија за пишување

Пресуда на Европскиот суд за човекови права: Русија не направила добра истрага за труењето на Навални