Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека е под истрага за обвиненија за тероризам што наводно ги извршил од затвор. Врз основа на тие обвиненија, тој може да биде осуден на дополнителни 30 години затвор. Деталите за обвинението за тероризам не се познати, а неговото сослушување пред рускиот окружен суд започна денеска.
Критичарот на Кремљ веќе одлежува 11 и пол години затвор под обвинение за измама и непочитување на судот. Во коментарите објавени на Твитер од неговите помошници, тој ги нарече последните обвинувања „апсурдни“.
„Тие изнесоа апсурдни обвинувања кои ми се закануваат со 30 години затвор… дека јас додека сум во затвор извршувам терористички дејствија“, рече Навални.
Критичарот на Путин моментално е во силно обезбедуваната казнена колонија ИК-6 во Мелехов, на околу 300 километри источно од Москва. Руските истражители потврдија дека 11 лица се исто така подложени на „меѓународна потерница“ во врска со случајот Навални.
Навални вратен во самица дополнителни 15 дена
1/2 Alexey Navalny has been put back in the SHIZO for another 15 days. This is the 14th time. He will now spend a total of 158 days there.
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) April 26, 2023
Алексеј Навални е вратен во самица, потврди неговата портпаролка. Навални, кој се соочува со обвиненија за тероризам, учествуваше на денешното рочиште во рускиот окружен суд преку телевизиска врска. Портпаролката Кира Јармиш објави дека критичарот на Путин е вратен во самица уште 15 дена.