Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Од:

Вдовицата на Алексеј Навални, Јулија Навални, рече дека судот ја отфрлил тужбата против затворот во кој тој починал, бидејќи тоа би значело откривање на видеото и други информации за околностите на неговата смрт.

Таа на платформата X напиша дека верува дека случајот е затворен, бидејќи во спротивно тоа ќе ги принуди затворските власти да дадат детални информации за тоа што се случи на 16 февруари, кога почина нејзиниот покоен сопруг, објави Ројтерс.

Претходно денеска поранешниот помошник на Навални, Иван Жданов изјави дека тужбата на мајката на починатиот руски опозиционер, во која се наведува дека тој не добил соодветна медицинска нега во затворот каде ја отслужил казната и починал, е одбиена, бидејќи Навални лично не поднел жалба.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен