Научници започнуваат дупчење на земјината кора во близина на Јапонија

Од:

Тим од сеизмолози започна денеска четиримесечна мисија, која има за цел поставување сонда во длабочината на Земјата, во слој под нејзината кора.

Експериментот, кој, како што се надеваат научниците, ќе помогне во утврдување на причините кои доведуваат до земјотреси, ќе биде извршен во Тихиот Океан, на 80 километри од брегот на Јапонија. Како платформа ќе им послужи бродот „Чикју“, кој е опремен со насовремена апаратура за геолошки истражувања.

За повеќе да се дознае за факторите кои предизвикуваат катастрофални земјотреси, научниците прво ќе ја спуштат сондата до длабочина од 3.600 метри под дното на океанот. Ова дупчење би претставувало подготовка за истражувачката мисија која ќе биде спроведена следната година на истото место, кога сондата би требало да стигне до 5.200 метри длабочина, каде доаѓа до триење на тектонските плочи.

– Сакаме да го истражиме начинот на кој земјината кора се поместува во моментите непосредно пред земјотресот, со цел да се предвидат идните потреси, објасни Тамано Омата, истражувач од јапонската Агенција за наука и технологија на морињата и Земјата.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови