Речиси целокупното население во Јапонија би можело да загине во случај на силна вулканска ерупција, каква што архипелагот веќе има доживеано во далечното минато, пишува во истражувањето на јапонските научници кои што се занимаваат со вулкани, Јошијукија Татсумија и Кејка Сузукија од Универзитетот во Кобе.
-Мора да бидеме свесни дека нема да биде ништо чудно, доколку еден ден на островот се случи силна ерупција – велат експертите во студијата која во целост ќе биде објавен во ноември.
Според нивни проценки во тој случај, постои можност да загинат и до 120 милиони луѓе, односно речиси целото население во Јапонија, кое сега брои 127 милиони лица.
-Во Јапонија се наоѓаат седум проценти од активните вулкани на светот и нашата држава често ја зафаќа таа природна катастрофа, како што беше неодамнешната ерупција на планината Онтака, во која загинаа повеќе од 50 лица. Инаку погледот е насочен кон Фуѓи, каде што според нив постои опасност од ерупција- стои во истражувањето.
Научниците со особена внимателност го анализираат гигантски кратер, Аира, кој настанал пред 28.000 години во подрачјето Кагошиме, на југозападниот остров Куишу, кога по страотна ерупција се урнал врвот на вулканот, при што е создаден вулкански кратер во облик на котел.
Доколку еден ден се повтори овој феномен во истото подрачје, за само два часа би можело да бидат уништени седум милиони животи – пишува во истражувањето. Инаку Јапонија е сместена на огнен пацифички прстен, на состав на четири тектонски плочи и има 110 активни вулкани. Повеќе од половина од тие вулкани, постојано се набљудуваат бидејќи секој од нив може да се активира во секој момент.
Научниците повикуваат со новите технологии да се пресметаат „резервоарите со магма“, кои ги има во голем број под Земјината кора во слоеви длабоки неколку километри.
Е. Г.