НАТО со остра осуда за потегот на Кремљ

Од:

Ја осудувам одлуката на Русија да го прошири признавањето на самопрогласените „Доњецка народна република“ и „Луганска Народна република“, изјави вечерва генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Ова дополнително го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ги еродира напорите за решавање на конфликтот и ги прекршува договорите од Минск, во кои Русија е засеганата страна“.

Тој ја обвини Русија дека бара изговор за инвазија на Украина.

„Во 2015 година, Советот за безбедност на Обединетите нации, во кој членува Русија, го потврди своето целосно почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина. Доњецк и Луганск се дел од Украина“, се наведува во соопштениетп на Столтенберг.

Москва продолжува да го поттикнува конфликтот во источна Украина со обезбедување финансиска и воена поддршка на сепаратистите. Исто така, се обидува да исценира изговор за уште еднаш да ја нападне Украина.

„НАТО го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Сојузниците ја повикуваат Русија, на најсилен можен начин, да го избере патот на дипломатијата и веднаш да го промени своето масовно воено засилување во и околу Украина и да ги повлече своите сили од Украина во согласност со нејзините меѓународни обврски и обврски“, инсистира Столтенберг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија