НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека Алијансата сака Украина да биде „горда суверена држава“ што ќе напредува по постигнување праведен и траен мир.

Руте во интервју за украинскиот портал New voice.ua изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш повеќе не треба да се обиде да ја нападне Украина.

Генералниот секретар на НАТО изјави дека Алијансата тесно соработува со украинската армија за да ја доближи до стандардите на НАТО и да и обезбеди обука без да ги доведе западните сојузници во директен конфликт со Русија.

Тој потсети дека на самитот во Вашингтон е одлучено дека патот на Украина кон НАТО е неповратен, но нагласи дека не знае кога ќе стане членка на Алијансата.

Руте потсети дека американскиот државен секретар Марко Рубио рекол дека „ако НАТО не постоеше, ние ќе го измисливме“.

Би можело да ве интересира

Медведев: Пронајдени се докази за производство на компоненти за биолошко оружје во Украина

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Путин нареди прекин на огнот за Велигден