Настрада 8-годишно девојче во Ирска во обид да ја заштити мајка си

Од:

Малика Ал Катиб (8) почина откако беше прободена со нож во вратот додека се обидуваше да ја заштити својата мајка од напад во нивниот дом во Ирска.

Инцидентот се случи во неделата вечерта околу 23 часот и 45 минути. Девојчето веднаш доби лекарска помош на лице место. Таа потоа беше однесена во болницата Вотерфорд каде подоцна почина. Нејзината мајка се здоби со повреди кои не се опасни по живот и таа е хоспитализирана.

Главен осомничен во случајот е маж познат на девојчето и нејзината мајка. Се претпоставува дека по потекло е од Кувајт, а по инцидентот за кој е осомничен бил задржан на лекување поради самоповредување.

Извори за Дејли Мејл велат дека во семејната куќа избила расправија, која потоа продолжила надвор на улица.

„Тоа е апсолутна трагедија. Зборував со членовите на семејството кои се само уништени, како што можете да си замислите. Осумгодишно дете да биде убиено вака. Тоа е толку потресно. Веста се прошири низ градот. Моите мисли се со семејството и ќе направиме се што можеме за да им помогнеме“, рече локалниот советник Џон Двајер.

„Во расправија девојката била фатена меѓу два „огна“ и била прободена со нож во вратот. Ова се случило пред очите на нејзината мајка, па можете само да замислите на што била сведок“, велат полициските службеници.

„Мажот потоа се обидел да му стави крај на својот живот, но не успеал“ се додава.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за убиството кај „Мавровка“

Пет лица загинаа на северот на Франција, напаѓачот уби и двајца чувари

Горан Наумовски

Во Москва е убиен важен човек за руската армија

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Расчистено убиство пред кафеана во Струмица: Осомничено 18 годишно момче

А1он

Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти

Предраг Петровиќ