Насилни демонстранти запалија полициска станица во Египет

Од:

Египетската полиција денеска се судри со околу 500 насилни демонстранити, кои подметнаа пожар во полициска станица во градот Порт Саид.

Според локалната полиција, демонстраните ја нападнале полициската станица со камења и молотови коктели, по што, од како во неа избил пожар, ги блокирале пристапните улициа, со цел да го спречат доаѓањето на противпиожарните возила.

На овој инцидент му претходел судир на полицијата со група фудбалски навивачи, кои органзираа прошетка низ улиците на Порт Саид, во знак на подршка на учесниците на протестите што траат во Египет веќе неколку дена и при кои досега загинаа пет лица.

Паралелно со немирите во Порт Саид, во Каиро денеска допатува американскито државен секретар Џон Кери, кој според најавите, ќе има средби со египетските власти и лидерите на опозицијата во обид за надминување на политичката криза во земјата.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет