НАСА: Загрижувачки податоци за мерењето на глобалната температура

Од:

Американската вселенска агенција НАСА објави загрижувачка вест дека април оваа година бил најтоплиот месец, откако се мери температурата, како и дека март бил најтопол месец во изминатите 136 години.

Тие податоци покажуваат дека растот на глобалната температура е константа, која светот би требало сериозно да го загрижи.

Американската агенција минатиот месец предупреди дека октомври, ноември и декември 2015 година и јануари и февруари оваа година ги урнале рекордите во однос на глобалните температури и оти тој тренд ќе продолжи.

Според извештајот на НАСА температурата на глобално ниво во април е повисика за 1,1 отсто во однос на мерењата од 1951-1980 година, со што април стана шести месец по ред, кој ги надмина претходно измерените температури.

– Ова е навистина голема информација. Моментално сме во позиција, во која не знаеме како ќе се одвиваат работите. Знаевме дека Ел Нињо има влијание, но сметам дека никој не очекуваше ваков скок, изјави метеорологот Ерик Холтхаус.

Гавин Шмит, директор на НАСА Институтот Годард за вселенски истражувања заклучи дека научниците со сигурност можат да предвидат дека 2016 година ќе биде најтоплата досега.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината