НАСА: Русија ја користи Меѓународната вселенска станица за поддршка на војната во Украина

Од:

Национална аеронаутичко-вселенска администрација на САД, (НАСА) тврди дека Русија ја користи Меѓународната вселенска станица за политички цели, конкретно за поддршка на војната во Украина.

НАСА преку соопштение го осуди искористувањето на Меѓународната вселенска станица од страна на Русија за политички цели односно за „поддршка на специјалната воена операција на Русија во Украина“.

Тоа е во целосна спротивност со основната цел на станицата – поттикнување на науката и заедно уште 15 држави да развива технологии за мирни цели, се наведува во соопштението на НАСА.

Но, не е прецизирано на што реагира НАСА, додека според американските медиуми најверојатно реакцијата е поради тоа што претходно руските космонаути на Меѓународната вселенска станица ги истакнаа знамињата на самопрогласените народните републики Доњецк и Луганск. На тој начин, тие го одбележале ослободувањето на Луганската народна република.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он