НАСА плаќа 5.000 долари за излежување во кревет

Од:

Американската свемирска агенција НАСА, е подготвена на доброволци кои што 70 дена ќе успеат да лежат во кревет, со подигнати стапала над нивото на главата, да им плати околу 5.000 долари.

Се ова е во рамките на истражувањето кое има за цел да утврди на кој начин микрогравитацијата влијае на телото, во текот на вселенскиот лет.

За време на експериментот, доброволците ќе имаат пристап на интернет, ќе може да играат компјутерски игри, да читаат, гледаат телевизија и да примаат посета.

1371342_10202059704640079_1276796002_n

Единствено што им е забрането е да стануваат од креветот, во кој ќе можат дури и да се тушираат, а храната која што ќе ја добиваат ќе биде специјално подготвена, така што телесната тежина во текот на истражувањето треба да им остане непроменета.

Учесниците може да станат кога ќе дојдат научниците за да утврдат дали има некои промени на нивните коски, мускули, крвоток, органите за варење и имунитетот. Во рамките на студијата се предвидени и специјални вежби т.н тестирање на реакциите и функциите, кои исто така се изведуваат во кревет.

Експериментот се спроведува во Вселенскиот центар, Џонсон во Хјустон и во моментот веќе е во тек подготвителната фаза, во која испитаниците две недели извршуваат секојдневни активности, додека научниците следат како се однесуваат нивните тела во нормални околности.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината