„Напред“, слоган на Обама за изборите

Од:

Демократите, на Конвенција, која ќе трае до четврток, се очекува зе да ги изберат Барак Обама и Џо Бајден за кандитадат за претседател и потпретседател на САД.
Главни говорници на Конвенцијата, ќе бидат првата дама Мишел Обама, поранешниот претседател Џими Картер кој ќе се обрати преку видео врска и Хулиан Кастро, градоначалникот на Сан Антонио.

Во среда, на втората вечер на конвенцијата, главен говорник ќе биде поранешниот претседател Бил Клинтон, додека Обама и Бајден ќе се обратат во четврток.
„Да, ние можеме“ беше паролата со која шармантниот Обама ги мотивираше своите приврзаници. Неговото ветување беше: „Надеж и промени“. Партискиот слоган сега наместо „Надеж и промени“ гласи „Напред“.

Се очекува Демократската партија за првпат во својата платформа да се заложи за признавање на истополовите бракови како еднакви со традиционалните бракови.

Најголемиот успех на Обама, со кој ќе се фали во кампањата е убиството Осама бин Ладен.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху