Наполитано: Нема простор за загриженост поради политичката состојба во Италија

Од:

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано денеска ја отфрли загриженоста за политичката ситуација во земјата, по резултатите од предвремените парламентарни избори, од кои ниту една партија не излезе како убедлив победник.

– Сигурен сум дека во следните неколку недели ќе биде формирана италијанската влада, истакна Наполитано во Берлин по средбата со германскиот претседател Јоаким Гаук.

Тој додаде дека дотогаш на власт ќе остане Владата на премиерот Марио Монти.

– Италија не го загуби својот пат. Поради тоа нема ризик од зараза, ние не сме болни, истакна тој, обидувајќи се да ја ублажи загриженоста на финансиските пазари.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он