Наполитано: На Италија и се потребни значителни реформи

Од:

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано изјави дека која партија ќе победи на следните избори ќе треба да спроведе значителни рефроми за справување со должничката криза.

– Пет години се доволно време за следната влада за да примени низа нужни реформи во период на буџетска строгост, истакна Наполитано.

Тој изрази жалење бидејќи партиите не научиле да прават компромис во интерес на државата 13 месеци од преземањето на власта на технократската Влада на премиерот Марио Монти.

Наполитано истакна дека жали за одлуката на Монти да се повлече од премиерската функција, како и за тоа што Парламентот не успеал да се договори за изборниот закон.

Монти најави дека ќе поднесе оставка откако ќе биде изгалсан буџетот за 2013 година, што треба да се случи до крајот на неделава, а Владата ќе продолжи да функционира до организирањето на парламентарни избори, кои најверојатно ќе се одржат во февруари.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он