Извршителот на утринскиот напад врз полицаецот и на југот од Париз е во бегство, соопшти министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, јави дописникот на МИА од Париз.
– Јавниот обвинител ќе ни се приклучи и ќе започне јавна акција за да се открие починителот на злосторството и да биде уапсен, изјави Казенев на самото место на инциденот.
Изутринава околу 7 часот 15 минути беше стрелано врз два општински полицајци на градот Париз, од лице вооружено со автоматска пушка и со заштитен елек, според сведоците, двата полицајци се повредени и тие се во критична ситуација. Инцидентот се случи на југот од Париз на Монтруж на излезот Шатијон.
Според полициски извори било уапсено едно лице на возраст од 52 години.
Засега властите не го поврзуваат последниот вооружен инцидент со вчерашниот терористички напад врз „Шарли ебдо“.
Француските полициски сили се мобилизирани во потрагата на двата идентификувани напаѓачи на весникот „Шарли ебдо“, браќата Шериф и Саид Куачи, двајцата се родени во Париз од родители со потекло од Алжир и се со француско државјанство. Тие се на возраст од 32 и 34 години и Шериф веќе бил осудуван за здружување со цел да подготвува терористички акт во 2008 година и се подготвувал да замине за Ирак. Додека 18 годишното лице Хамид Мурад за кое постои сомневање дека е нивни соучесник самиот и се предаде на полицијата во Шарлевил-Мезие.
Денеска е Ден на национална жалост во Франција, прогласен од претседателот Франсоа Оланд. Тој изутринава имаше кризен останок со надлежните министри, по што имаше разговор со неговиот претходник и лидер на опзицијата Никола Саркози.