Напаѓачот кој рани двајца полицајци во Пенсилванија е убиен, полицајците се во стабилна состојба

Од:

Вооружениот човек кој застрела двајца полицајци во американската држава Пенсилванија е убиен, додека ранетите полицајци се однесени во болница, соопштија официјални лица.

Нападот се случил во рурална област во близина на Томпсон, околу 160 милји северно од Филаделфија, кратко по 11 часот наутро, изјави началникот на државната полиција, полковник Кристофер Парис, за новинарите откако тој и гувернерот Џош Шапиро посетија еден од ранетите полицајци во болницата, објави АП.

Полициските службеници Џозеф Перечински и Вилијам Џенкинс се во стабилна состојба, но имаат сериозни повреди.

Би можело да ве интересира

Пукотница во САД: Две лица загинаа, ранети се тројца полицајци

(ВИДЕО) Масовно пукање во Чикаго: Едно лице загина, деветмина се повредени

Горан Наумовски

Осум лица, меѓу кои четири деца, загинаа во Монтана

Вооружен напад во Северна Каролина, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Пукање на фестивал во Сиетл: Тројца се мртви, најмалку четворица се ранети

Петмина убиени во пукотница на прославата на Денот на независноста на САД