Драмата во ирачкиот Универзитет во Рамади, во провинцијата Анбер, каде џихадисти изутринава земаа за заложници десетици студенти, е завршена, соопшти ирачката државна телевизија, пренесува ДПА.
Вооружени напаѓачи денеска упаднаа на Универзитетот и земаа десетици студенти за заложници. Подоцна напаѓачите од засега непознати причини се повлекле на 100 километри западно од Багдад.
Студентите се евакуирани од ирачките безбедносни сили.
Гувернерот на провинцијата Анбер објави дека во моментот силите за безбедност водат операција за неутрализирање на екстремистите, кои припаѓаат на организацијата Исламска држава на Ирак и Левантот, поврзана со Ал Каеда.