Нападната е американска воена база во Ирак

Од:

Воздухопловната база на американската војска Ал Асад во западен Ирак вчера беше нападната, а не беше направена никаква штета и никој не беше повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад против американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот функционер, мислејќи на нападот во неделата кога врз истата база беа истрелани пет ракети од пограничниот град Зума.

Во тоа време, Америка објави дека сојузничкиот воен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија