Нападите во турскиот град Рејханли биле организирани од сириското разузнавање, тврди главниот осомничен

Од:

Нападите со автомобили бомби во турскиот град Рејханли во мај биле организирани од сириското разузнавање, изјавил главниот осомничен за крвавите атентати во овој град крај границата со Сирија, соопшти сајтот на англиски јазик Ворлд булетин.

На почетокот на оваа недела беше приведен Насер Ескиоџак, главниот осомничен за атентатите. Тој бил фатен во реонот на пограничниот градот Јиладаг, додека се обидувал да избега во Сирија.

Според Ескиоџак, тој посочил деке бил во контакт со агенти на сириското разузнавање. Тој, исто така, ги кажал имињата на агентите, пишуваат денеска повеќе турски весници. Веќе долго време работев за сириското разузнавање во округот Хатај, во јужна Турција.

Сириското разузнавање го нареди извршувањето на атентатите во Рејханли, прецизирал Ескиоџак.

Тој уште посочил дека биле планирани други напади против трговски центи и џамии во градовите Анкара, Конија и Хатај.

Два минибуса, наполнети со експлозиви, беа активирани на 11 мај пред градската куќа и централната пошта во малиот град Рејханли, сместен на осум километри од сириската граница, во кој се наоѓаат многусириски бегалци. Во нападите беа убиени 52 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години