Египетската армија соопшти дека еден офицер загинал и 40 се повредени денеска откако била нападната воена база каде е приведен под стража поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, јави Египетската телевизија.
Армијата тврди дека терористичка група се обидела да упадне во касарната на Републиканската гарда во Каиро во раните утрински часови.
Портпарол на Муслиманско братство тврди дека членови на движењето кои учествувале во мирен протест пред зградата, биле невооружени и било пукано врз нив при што загинале 34 нивни приврзаници.