Напад врз индискиот конзулат во Херат

Од:

Вооружени лица изутринава извршија напад врз индискиот Конзулат во авганистанската провинција Херат, соопшти локалната полиција.

Во нападот нема жртви меѓу вработените во Конзулатот.

consulateHeratТројца вооружени напаѓачи отворија оган кон Конзулатот од соседна зграда. Полицијата интервенираше и двајца од напаѓачите се убиени, додека третиот продолжил да пука кон припадниците на силите за безбедност.

Ниту една организација засега не презеде одговорност за нападот.

Талибанците изминатите месеци ги зајакнаа нападите во Авганистан, од каде меѓународните сили треба да се повлечат до крајот на годината.

Индија инвестираше повеќе од две милијарди долари во Авганистан, вклучувајќи и проекти за изградба на патишта и електрична мрежа.

Во август минатата година во напад на индискиот конзулат во Џалалабад, загинаа девет лица, меѓу кои шест деца.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

Талибанците имаат нова забрана за жените

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски