Напад со секира во француски воз, четворица повредени, двајца се во тешка состојба

Од:

Четири лица се повредени денеска при напад со секира во француски воз, соопшти француската полиција, пренесува ДПА.

Портпарол на полицијата изјави дека нападот во регионот на Париз бил чин на одмазда. Двајца од повредените се во тешка состојба, додека останатите двајца се со полесни повреди. Точните околности на нападот сѐ уште не се разјаснети.

Железничкиот оператор SNCF соопшти денеска на социјалната мрежа „Икс“ дека инцидент се случил во воз во Озуар-ла-Фериер, југоисточно од Париз. На местото пристигнале полиција и пожарникари. Нема повеќе детали за инцидентот, но во објавата стои дека некои возови биле откажани.

Француските медиуми јавуваат дека во возот дошло до расправија при која едно лице било удрено со секира во главата, а на друг патник му била отсечена раката. Останатите двајца се со полесни повреди.

Според полициски извори, како што пренесуваат локалните медиуми, четворицата повредени се малолетници на возраст од 16 и 17 години, кои биле нападнати на пат кон училиште. Тие се пренесени во болница, а прогнозата на лекарите е дека не се во животна опасност.

Осомничениот за нападот е 16-годишно момче кое било уапсено, соопшти полициски извор за АФП, пренесува Франс24. Во неговиот дом била пронајдена и запленета секирата.

Расправијата, која преминала во насилна тепачка, започнала додека возот стоел на перонот. Движењето на линијата на регионалната експресна мрежа не било прекинато поради инцидентот, соопштија од железничкиот оператор.

Учесниците во тепачката користеле повеќе видови оружје, вклучувајќи нож, секира, јапонски меч катана и бејзбол палки.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток