Намачка со сланина влез на џамија, осуден е на 6 месеци затвор

Од:

Човекот кој го намачка влезот на џамија во британскиот град Гилингам со сланина е осуден на шест месеци затвор, објавија денес британските медиуми.

Извесен Маркус Едвардс (44) се сними себеси во таа прилика и тврдеше преку социјалните мрежи дека нема да биде фатен и дека ќе ја осквернавуа џамијата секој ден“, објави обвинителството, пренесе Би-Би-Си.

Едвардс денес се изјасни за виновен на суд за предизвикување штета во вредност помала од 5.000 фунти и оштетување на имот од верска основа.

Ова беше напад врз џамија и особено стресен за нашата локална муслиманска заедница во време кога таа веќе се чувствува ранлива поради неодамнешните настани во земјата“, рече обвинителот Крис Венкасами.

Тој додаде дека Едвардс арогантно тврдел дека ќе ја избегне правдата, но бил идентификуван и осуден во рок од неколку дена, па правдата сепак го стигна, објави Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Велика Британија стана директен учесник во конфликтот во Иран

Жестока реакција на Трамп до европските држави: Ќе мора да научите да се борите сами, Америка нема да ви помогне.

Велика Британија: Европа мора да се подготви за одбрана без САД

ВИДЕО: Иран испали балистички ракети кон базата Диего Гарсија во Индискиот океан

Катерина Ѓуровски

Трамп: Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе победивме

Стармер: Владата е фокусирана на заштита на британскиот народ