Најтешка зима во Русија во изминатите 20 години предизвика хаос во сообраќајот

Од:

Интензивни врнежи од снег во Русија предизвикаа хаос во сообраќајот, а регистриран е и прекин на снабдувањето со струја во многу региони.

– Ова е најтешка и најстудена зима во изминатите 20 години, изјави Роман Вилфанд, шеф на националниот метеоролошки сервис.

Голем број училишта прекинаа со настава поради непроодност на патиштата и поради дефекти на системите за загревање во објектите.

Во Москва околу 7.000 работници се ангажирани за чистење на снегот чија висина е 13 сантиметри. Снегот оневозможи приоди кон трите главни аеродроми и предизвика колони возила од по неколку километри.

На Јакутск, на рускиот Далечен исток, температурите се минус 39 степени Целзиусови. Најмалку 80 луѓе се хоспирализирани во Москва во изминатите неколку дена за третман на хипотермија или лекување скршеници од паѓање на замрзнати улици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина