При составувањето на втората годишна листа на 20 најпосетени градови на светот, MaserCard ги следеше парите.
Според нивните податоци, Истанбул е дестинација со најголем пораст на бројот на туристи, па дојде на 5. место, по Лондон, Париз, Бангкок и Сингапур.
„Без разлика на бавниот економски раст во светот, бројот на светски патници расте“, пишува во извештајот. Лондон ги предводи светските градови, според два клучни критериуми: бројот на патници (се очекуваат 16.9 милиони туристи оваа година) и по просечната сума на пари кои се трошат.
Во азиско-пацифичкиот регион, Бангкок води по бројот на туристите и по количината на потрошени пари. По вториот критериум набрзо би можел да го помине Париз, кој се наоѓа на 3. место.
Дубаи и понатаму е број еден, кога станува збор за првите 10 дестинации на Блискиот исток и Африка.
Во Кина, Шангај се наоѓа пет места пред Пекинг.
Иако за многумина Барселона има повеќе шарм од Мадрид, шпанската престолнина сепак е попопуларна дестинација.
Иако ни Рим не го изгубил својот шарм, популарноста како туристичка дестинација му паѓа. Тој е на 12. место, по Сеул, Куала Лумпур, Франкфурт и Дубаи.