Четиринаесет лица се убиени, а 26 се ранети во два бомбашки напади вчера во ирачкиот град Бакуба, на 60 километри северно од Багдад, изјавија претставници на полициските и медицинските власти.
Експлозиите се случиле во кафуле и во близина на продавница за сладолед.
Бакуба пред неколку години беше упориште на ирачкиот огранок на терористичката организација Ал Каеда.
Иран од почетокот на годината е зафатен со бран на насилство, паралелно со зајакнувањето на незадоволството на сунитското малцинство, кое протестира од декемри поради тоа што смета дека е дискриминирано.
Најмалку 3.438 лица се убиени во насилствата во Ирак од почетокот на годината.