Најмалку тројца загинати при напад врз автобус со работници во Египет

Од:

Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени во нападот изутринава врз автобус, кој превезувал работници во градот Ел Ариш, во северната египетска провинција Синај.

Во автобусот патувале работници од фабрика за цемент во близина на границата со Појасот Газа, врз кој биле фрлени гранати.

Според очевидци, напаѓачите извикале „Алах о акбар“ (Господ е голем), по што автобусот бил погоден.

Во реонот на северен Синај, кој граничи со Израел и Газа, по соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси се почести се нападите на исламистички групи.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро