Најмалку три лица загинаа денеска во пукотница во Пенсилванија

Од:

Најмалку три лица загинаа денеска во пукотница во Фолс Тауншип, Пенсилванија, соопштија официјални лица, додека осомничениот е идентификуван.

– Истражуваме масовно убиство што утрово се случи во градот. Три лица се убиени во две различни локации – изјави за Си-Ен-Ен Џеф Денс, претседател на надзорниот одбор на градот.

Засега не се знае дали пукотниците биле целни или случајни, додека осомничениот е идентификуван како Андре Гордон (26), по кого е започната потера.

Според полицијата, Андре застрелал две лица во куќа, украл автомобил, а потоа застрелал уште најмалку едно лице од другата страна на градот. После тоа украл уште едно возило на паркинг, исфрлајќи го возачот од него, кој за среќа не е повреден.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

(ВИДЕО) Тексас: Пукање во средно училиште во Далас, најмалку тројца мртви

Горан Наумовски

Оружен инцидент во средно училиште во Далас, ранет е ученик во нога

Горан Наумовски