Најмалку шестмина загинати во напад врз воена база во Јемен

Од:

Најмалку шест јеменски војници загинаа при напад врз воената база Солабан, а околу 20 напаѓачи се ликвидирани, соопшти армијата.

Базата прво била нападната со два автомобила-бомби, а потоа напаѓачите навлегле во воениот објект, што се наоѓа во близина на аеродромот.

Напаѓачите зазеле позиции во неколку згради во базата, но биле убиени по четиричасовна престрелка.
Се уште никој нема преземено одговорност за нападот иако има индиции дека е дело на Исламска држава.
Џихадистичката група сличен напад изведе во јеменскиот пристанишен град Мукала на 27 јуни. ИД последните денови изврши низа напади во Саудиска Арабија, Турција, Бангладеш и во Ирак. 

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен