Полицијата во Индија стравува дека утрово во село Бачраван во државата Утар Прадеш загинале повеќе десетици лица, откако воз излетал од шини.
Жителите, полицијата и работниците од обезбедувањето на железниците се обидуваат да ги извлечат патниците кои што се заробени во три потполно уништени вагони, кои утрово излетале од шините, пренесе „Асошиејтед прес“.
Според наводите до сега се извлечени шест тела, а причина за несреќата се уште не е позната.
Индиската железница која е една од најголемите во светот и со која секој ден се превезуваат повеќе од 23 милиони патници, доста често се соочува со железнички несреќи.
Е.Г.