Најмалку шестмина полицајци се ранети во експлозија на автомобил бомба во Каиро

Од:

Најмалку шестмина египетски полицајци се ранети во текот на изминатата ноќ во експлозија на автомобил бомба пред нивна станица во Каиро, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Цел на атентатот била зградата на Државната безбедност во северен кварт на престолнината, во која била сместена една од египетските полициски служби. Зградата е делумно разурната, пренесува БТА.

„Непознато лице одеднаш го запре автомобилот пред зградата, излезе од него и се качи на моторцикл, по што избега, а автомобилот експлодира“, пишува во коминикето на министерството.

До овој момент никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Групата „Провинција Синај“ (претходно Ансар Беит ал Макдис), египетска ќелија на Исламска држава, редовно си ги припишува заслугите за нападите врз полицајците и војниците, особено по соборувањето од власта во 2013 година на претседателот исламист Мохамед Морси и крвавите репресии што следеа врз неговите приврзаници.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски