Најмалку шест жртви во престрелка во Мексико

Од:

Најмалку шест лица, меѓу кои пет адолесценти на возраст од 17 и 18 години, се убиени во вооружен напад во централно Мексико, соопштија локалните власти.

– Со тага ве информирам дека шест лица ги загубија животите, изјави Цезар Прието, градоначалник на Саламанс, во државата Гуанахуато, каде што се случи нападот во близина на основно училиште.

Вооружена група пукала во учениците, како и врз 65-годишен минувач, соопшти полицијата.

Мотивот за нападот не е познат, а сите жртви веќе биле мртви кога на местото на настанот пристигнала полиција и брза помош.

Државата Гуанахуато е центар на мексиканската нафтена индустрија, како и една од земјите со најмногу насилство.

Кон крајот на мај, во вооружен напад во хотел во градот Челаи, трет по големина во мексиканската држава, загинаа осум жени и тројца мажи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски