Најмалку шест загинати во поплавите во Централна Европа

Од:

Најмалку шест луѓе загинаа и уште неколку се сметаат за исчезнати во поплавите предизвикани од поројни дождови во централна Европа каде илјадници домови беа евакуирани во Германија, Чешка и Австрија.

Во Чешка Владата објави вонредна состојба во речиси целиот западен регион Бохемија каде пет луѓе загинаа и неколку се исчезнати. Метрото во Прага од синоќа е делумно затворено, а голем број патишта и железнички линии се затворени.

Учениците беа повикани да не одат на училиште заради нарушениот транспорт. Армијата мобилизираше околу две илјади војници од кои 300 само во Прага за борба со природната непогода.
Во Германија се влошува состојбата во јужниот и источниот дел од државата. Реките Дунав, Ин и Илц имаат водостој 12 метра што е рекорд од 1954 година. Армијата е вклучена во спасувачки операции.

Во источната германска провинција Саксонија на границата со Чешка и Полска, стотина полицајци се мобилизирани со чамци. Во Австрија еден човек загина во поплавите, а две лица се исчезнати.
Стотици жители во реонот на Салцбург и околината како и 300 од северниот град Мелк се евакуирани. Според властите, реките Дунав и Ин може да ги надминат нивоата од 2002 година, кога поплавите нанесоа штети од околу 7,5 миллијарди евра.

Во Унгарија градоначалникот на Будимпешта објави тревога од поплави со образложение дека во петок или сабота се очекува Дунав да се излее од коритото. Оваа пролет во Холандија е најстудена од 1970 година. Просечната деноноќна температура е 7,4 степени, а дневната температура во изминатите денови не надминала 13 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски