Најмалку шест загинати во подметната бомба од Ал Шабаб во Сомалија

Од:

Двајца регионални политичари, тројца нивни телохранители и еден хуманитарец загинаа во подметната бомба на пат во Сомалија, соопштија сомалиските власти, јави ДПА.

Експлозијата се случила на патот меѓу градовите Балад и Јовхар во државата Хиршабеле, рано утринава, на околу 100 километри северно од главниот град Могадишу, изјави претседателот на земјата Мохамед Абди Варе во соопштение пренесено од германската агенција.

Исламските терористи од групата Ал-Шабаб ја презедоа одговорноста за нападот преку соопштение лиферувано на пробунтовничката радио станица Андалус.

Ал-Шабаб, која се смета за филијала на интернационалната терористичка мрежа Ал Каеда, презема редовни напади во оваа на источнoафриканска земја.

Би можело да ве интересира

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Обид за убиство во Крива Паланка, ја избодел со нож во вратот

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

ВИДЕО: Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов објави Си-Ен-Ен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвава Нова година во Њу Орлеанс: со автомобил влета во толпа луѓе, има мртви

Катерина Ѓуровски