Најмалку седуммина загинати во експлозија на автобус на северот од Авганистан

Од:

Најмалку седум лица загинаа утринава во експлозија на автобус што превезувал работници на нафтена компанија во провинцијата Балх, на северот од Авганистан, соопшти полицијата.

Британските медиуми додаваат дека во експлозијата има уште најмалку шест поврдени лица.

-Експлозијата се случи во автобус што превезувал вработени во нафтената компанија Хаџратан, изјави полицискиот претставник Мохамад Асиф Вазери.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.

Неодамна имаше неколку напади во урбаните центри во Авганистан, а одговорноста за некои од нив ја презеде терористичката Исламска држава, наведуваат британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан