Најмалку седум луѓе загинаа, а 30 се повредени во денешната експлозија на бомба во близина на џамија во Канан, провинцијата Дијала, соопштија ирачки претставници.
Бомбата експлодирала во моментот кога верниците излегувале од џамијата по петочната молитва.
Градот Канан се наоѓа на 75 километри североисточно од Багдад.
Во текот на минатиот месец 271 Ирачани загинаа во насилство, што е најголема бројка од август минатата година.