Најмалку седум жртви при потонување на брод кај Канада

Од:

Телата на седум лица се извлечени од ледената вода во близина на брегот на Атлантскиот Океан во Канада, откако потона шпански рибарски брод, потврди воен претставник за ДПА.

Најмалку 14 лица се водат како исчезнати, изјави Брајан Овенс од Заедничкиот координативен центар за спасување во Халифакс.

Тројца членови на екипажот се спасени, додаде Овенс, изразувајќи надеж дека сè уште може да се најдат уште преживеани.

Спасувачката операција, во која се вклучени авион, хеликоптер и брод на крајбрежната стража, е отежната поради лошите временски услови во областа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре