Најмалку седум лица загинаа и околу 30 беа ранети во втор бомбашки напад во Багдад, јави ДПА.
Нападот со автомобил-бомба беше извршен во близина на владин објект во квартот Ал Карх.
Претходно денеска најмалку 13 лица беа убиени во бомбашки напад, извршен повторно со автомобил-бомба во багдадскиот кварт Карада.
Најмалку 40 лица беа ранети во тој напад, кој се случил во близина на позната слаткарница. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. Се претпоставува дека ИД стои и зад вториот напад.