Најмалку петмина загинати и многу приведени при задушување на протестите во Мјанмар

Од:

Најмалку пет лица синоќа се убиени низ Мјанмар во обидите на армијата да ги задуши протестите.

И покрај заканата од насилство, луѓето низ целата земја се спротивставија на воениот удар во февруари, вклучително и во државите Мандалај, Мон и Кајах и во регионите Сагаинг и Танинтари.

Од пучот, армијата насилно се обидува да ги задуши протестите и досега се убиени најмалку 550 лица, од кои 46 деца, соопшти невладината организација Здружение за помош на политички затвореници. Во моментов приведени се 2.751 лице, а распишани се и 126 потерници.

Државните медиуми синоќа јавија дека се покренати обвиненија против 18 познати телевизиски лица, инфлуенсери на социјалните мрежи и еден новинар за „ширење на материјал со цел припадниците на вооружените сили да се поттикнат на бунт или непочитување на нивната должност“.

– Тие не ги само апсат луѓето за кои се издадени налози. Ако сакаат, тие дури и ја кршат вратата и апсат. Тие не пукаат и убиваат само демонстранти кои се на улиците. Ако сакаат, тие исто така пукаат во петгодишно дете кое беше дома, напиша на Фејсбук Паинг Пјое Ту, позната актерка во Мјанмар, која е меѓу обвинетите.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска