Најмалку петмина загинати и 120 повредени на протестите во Ирак

Од:

Неколку маскирани напаѓачи за време на синоќешните антивладини демонстранти во градот Басра, јужен Ирак, убија пет лица, а повредија десетици, соопштија ирачките здравствени власти.

Според медицински извори во синоќешниот инцидент повредени се околу 120 лица.

Десетици илјади луѓе од 1 октомври протестираат во Багдад и во јужниот дел на Ирак, каде мнозинско население се шиитите, барајќи големи политички промени.

Демонстрантите се жалат на корупцијата, неможноста за вработување и лошите основни јавни услуги, вклучително и редовните исклучување на електрична енергија покрај големите ирачки резерви на нафта.

Од почетокот на немирите во Ирак загинаа над 250 луѓе.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак