Најмалку пет лица починаа како последица на високите температури во Јапонија во текот на викендот, соопшти јапонската Противпожарна служба, која е задолжена за дејствување при вонредни ситуации.
Со новите жртви бројот на лицата, кои починале во Јапонија од почетокот на жештините достигна 68 лица. Повеќето жртви се над 60 години.
Температурите во повеќе јапонски области денеска повторно се искачија над 40 степени Целзиусови, а во Токио се измерени 37 степени.