Најмалку осум луѓе загинаа, а 27 се повредени во нападите ширум Ирак соопшти денеска полицијата.
При експлозија на автомобил-бомба во јужниот град Дивани загинаа три лица, а 13 се повредени.
Во северниот град Самара загинаа двајца, а петмина беа повредени откако експлодира бомба на погреб. Во експлозија на автомобил-бомба вчера во Самара загинаа 17 луѓе.
Уште три луѓе загинаа, а деветмина се повредени во минофрлачки напад во градот Мадаина и при експлозија на автомобил-бомба во Махмиудија, јужен Ирак.