Најмалку осум ирачки полицајци загинаа денеска во експлозија на бомба во близина на нивниот конвој југозападно од градот богат со нафта Киркук, изјавија два безбедносни извори за Ројтерс, пренесува Хина.
Експлозијата се случила во близина на селото Сафра, кое се наоѓа на околу 30 километри југозападно од Киркук, рекол изворот, додавајќи дека двајцата ранети полицајци се во критична состојба.
Засега никој не ја презеде одговорноста, но милитантите на терористичката Исламска држава се активни во областа.
Во декември 2017 година, Ирак прогласи победа над групата која некогаш држеше големи делови од земјата.
Извор: МИА