Најмалку осум стари лица загинаа, а 12 се повредени во пожар што зафати дом за стари во градот Куарте де Уерва во Сарагоса, во североисточниот дел на Шпанија, соопшти денеска портпаролот на регионалната влада.
Меѓу 12-мината повредени, две лица се во тешка состојба, изјави портпаролот на Арагон.
Пожарот избувна синоќа околу полноќ и полицијата се уште работи на утврдување на причините за несреќата. Меѓу повредените е и еден работник во дом за стари лица.