Најмалку осум лица загинаа во бомбашки напади северно од Багдад, што се трет самоубиствен напад во изминатите неколку дена, соопштија ирачки официјални лица.
Најтешкиот напад се случи откако бомбаш самоубиец со автомобил полн експлозив удри во заедничка патрола на армијата и полицијата во близина на еден затвор во местото Таџи, северно од Багдад.
Во инцидентот загинаа шест лица, од кои тројца војници, а повредени се уште 14 луѓе, изјавија безбедносни претставници.
Во пукотници и бомбашки напади во градовите Бакуба и Мосул загинаа две лица.
По овие напади, бројот на загинати во насилствата во изминатите три дена во Багдад и северно од главниот град се зголеми на најмалку 68, а повредени се 152 луѓе.