Најмалку осум лица загинаа во лизгање на земјиште предизвикано поради поројни дождови во јапонскиот град Хирошима, во југозападниот дел на земјата.
Tринаесет луѓе се водат за исчезнати. Спасувачките екипи користат хеликоптери за евакуирање на заробените граѓани бидејќи улиците се целосно прекриени со кал.
Изминатата недела Јапонија е зафатена од исклучително лошо невреме. Во удар на два тајфуна загинаа најмалку 17 лица, десетици беа повредени.