Во самоубиствен напад во јеменскиот град Зинџибар утрово загинаа најмалку осум војници, а десет се повредени, соопштија локалните власти.
Нападот бил изведен од бомбаш-саноубец облечен во униформа. Тој го активирал автомобилот-бомба пред влезот на воениот камп.
Се претпоставува дека напаѓачот е член на Ал Каеда.