Најмалку осум мртви во потонувањето на брод ресторан во Ирак

Од:

Најмалку осум лица загинаа денеска, кога потона брод ресторан на реката Тигар во центарот на Багдад, соопштија ирачки официјални лица.

На бродот имало повеќе десетици гости кога потонал, пренесува АП.

Околу 30 луѓе се спасени, а досега од реката се извлечени осум тела на жртви, соопшти полицијата и официјални лица од болницата.

Судбината на уште девет лица не е позната, наведува АП.

Полицијата соопшти дека нема индиции дека станува збор за тероризам. Други детали за несреќата за сега нема.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак